Хуманитарна трка за децата на Онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка за децата на Онколошкото одделение на Детската клиника

пред 2 години

Во сабота на кејот на Вардар по втор пат ќе се одржи трката „Трчај за надеж“ за помош на децата кои се лекуваат на Онколошкото одделение на Детската клиника, во организација на клубот „Искра Надеж“.

dobivaj vesti na viber

Парите собрани од учеството на трката ќе бидат донирани на Детската Клиника како скромен придонес за дечињата кои се лекуваат. Трката ќе започне во 9 часот и ќе може да се трчаат 1.5 или 3 километри. Котизацијата изнесува 300 денари, а собраните пари ќе се донираат на Детската клиника.

Заинтересираните за трката можат да се пријават на следниот формулар, или по мејл на [email protected] или преку инстаграм профилот @sparkofhope_club. Регистрацијата на учесниците ќе биде пред хотел „Парк“ од 8:15 до 8:45 часот.

 

Share
Scroll to Top