Асот на Дукати, Франческо „Пеко“ Бањаја, конечно, својата одлична форма ја круниса со втора победа оваа сезона, откако го совлада актуелниот шампион, Фабио Квартараро на Италијанското ГП во Муџело, одбележано со големи падови на повеќе фаворити, вклучувајќи ги Енеа Бастијанини, Алекс Ринс и Жоан Мир.
Бањаја, кој стартуваше од пол-позицијата на последните две трки, овојпат го имаше очигледно најсилниот мотоцикл на патеката, и го помина Марко Безеки од тимот на Валентино Роси, за потоа да направи голема и недостижна предност пре Квартараро, и Алеш Еспархаро на третото место. На четвртото место заврши Жоан Зарко, додека еден ден откако беше „пензионирана“ 42-ката на Роси, неговите возачи Марко Безеки и Лука Марини завршија на шестото и седмото место.
Квартараро останува лидер во генерален пласман со 122 поени, Еспархаро е втор со 114, додека Бастијанини сега паѓа на третото место со 94 поени, пред Бањаја со 81.
Congratualtions all around for @PeccoBagnaia! ?
He becomes the third Italian to win for Ducati at Mugello! ?#MotoGP | #ItalianGP ?? pic.twitter.com/ZMcISV7oUD
— MotoGP™? (@MotoGP) May 29, 2022