Пехарот што го освои како претставник на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот Калуш оркестар го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за Вооружените сили на Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираа средства за оваа аукција, а особено на тимот на Вајтбит кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава Слава на вооружените сили на Украина“, објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Укринформ.

Оркестарот Калуш победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Стефанија“.





