Во Словенија 363 новозаболени и четворица починати од Ковид-19

пред 4 години

Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 363 новозаразени со коронавирус, од вкупно 3.682 тестирани, а четири лица починаа, објави словенечката влада. Бројот на инфекции се искачи на 7.872 од почетокот на епидемијата, има 2.865 активни случаи, а вкупно починаа 165 пациенти. Во моментов во болниците има 138 пациенти, од кои 22 се на интензивна нега. За епидемиолошката состојба ќе расправа попладне Советот за национална безбедност со кој претседава премиерот Јанез Јанша. Бројот на новоинфицирани е само малку помал од рекордниот 387 во четвртокот, а поради влошената епидемиолошка состојба, Словенија веќе воведе нови мерки.

Share
Scroll to Top