Во Чешка, полицијата го контролира движењето

пред 3 години

Слободата на движење во Чешка е строго ограничена во следните три недели со цел да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус.

Денес полицијата започна да патролира по улиците и возовите затоа што на луѓето им е дозволено да го напуштаат својот град или село во исклучителни случаи, на пример, да одат на работа, на лекар или некое државно тело.

„Ќе бидеме насекаде, дури и на најмалите патишта“, рече портпаролот на полицијата.

Тој додаде, дека полицијата ќе биде блага, но во случај на намерно кршење на правилата, прекршителите ќе бидат казнети. Казните ќе се движат до 400 евра, а некои луѓе како што информираше, веќе се казнети.

Медиумите јавуваат дека контролите во некои области предизвикале застој во сообраќајот. Повеќе од 25.000 полицајци и до 5.000 војници учествуваат во акцијата.

Некои граѓани како што пренесуваат чешките медиуми ги критикуваат овие строги мерки на социјалните медиуми, потсетувајќи дека тоа не беше случај ниту во комунизмот. Другите сметаат дека не се доволно строги.

Владата планира да воведе задолжително тестирање на коронавирус во компании со повеќе од 250 вработени.

Share
Scroll to Top