НАТО е загрижен за руската акција, се солидаризира со Чешка

пред 3 години

НАТО изрази целосна солидарност со Чешката Република, која протера 18 руски дипломати и изрази длабока загриженост за руската акција во евроатлантската област.

„Сојузниците се длабоко загрижени за дестабилизирачката акција што Русија продолжува да ја спроведува низ целата евроатлантска област, вклучувајќи ја и територијата на Алијансата и изразува целосна солидарност со Чешката Република“, се вели во соопштението на НАТО.

Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, го информирал Северноатлантскиот совет, составен од амбасадори на земјите-членки, за активностите на руското разузнавање што доведе до експлозија во складиште за муниција во 2014 година во чешкиот град Врбетице. Во експлозијата загинаа две лица и се предизвика голема материјална штета.

Според изјавата на НАТО, министерот Кулханек потврдил дека чешките власти идентификувале двајца руски разузнавачки оператори одговорни за експлозијата и дека меѓу нив е истото лице што го барала Велика Британија во врска со нападот во Солисбери, Англија во 2018 година, кога е користен нервен отров Новичок.

Затоа Чешка протера 18 агенти на руската разузнавачка служба и размислува да донесе нови мерки.

Share
Scroll to Top