Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

пред 3 години

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.

Снимката, направена од воениот дописник Лук Могелсон, покажува упад на стотици десничари во Капитол меѓу кои и т.н. водач на групата Џејк Анџелио (33), познат и како „човекот со рогови“.

На самиот почеток на видеото, се гледа како Џејк влегува во Сенатот и поздравува група луѓе, во присуство на полицијата.

Потоа тој влегува во конгресната сала и претура по масата на потпретседателот Мајк Пенс.

Share
Scroll to Top