Пензионираниот Формула 1 возач Михаел Шумахер доби своја улица во Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Официјално, една од најфреквентните улици во главниот град на БиХ ќе се вика трансверзала Михаел Шумахер, одлучи Собранието на кантонот Сараево.
Шумахер, седумкратен светски шампион во Формула 1, е почесен граѓанин на Сараево, кое двапати го посети во средината на 90-тите години од минатиот век.
Германецот бил во Босна и Херцеговина како амбасадор на УНЕСКО и ХОПЕ и донирал пари за помош на децата ранети во војната.
Легендарниот возач на Ферари на крајот на 2013 година удри со глава на скијање и заврши во болница. Неговата здравствена состојба е непозната за јавноста, а неговото семејство крие информации од новинарите и обожавателите.