Наполи го „прегази“ Удинезе за да скокне на второто место!

Наполи го „прегази“ Удинезе за да скокне на второто место!

пред 3 години

Наполи си ги зголеми шансите за пласман во Лигата на шампиони следната сезона, откако дома со фантастични 5:1 ги совлада Удинезе за да се искачи на второто место на табелата и да постави уште поголем притисок на Јувентус во борбата за топ 4 пласман.

Пјотр Зиелински во 28. минута и Фабијан Руиз само две минути подоцна ја најавија победата на тимот на Џенаро Гатузо, пред Стефано Окака во финишот на полувремето да даде надеж на Удинезе за пресврт. Тоа не се случи – Ирвинг Лозано во 56. минута зголеми на 3:1, пред Џовани ди Лоренцо да зголеми 4:1 десет минути подоцна. Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас повторно влезе во игра кога мечот беше одлучен, откако во 76. минута го замени Зиелински. Капитенот Лоренцо Инсиње во 91. минута ја потврди „петардата“ на „партенопеи“.

Со трите поени, Наполи сега се втори со 73 поени, еден пред Аталанта и Милан (со натпревар помалку) и четири пред петтопласираниот Јувентус, кој утре гостува кај Сасуоло. Удинезе се на 12. место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top