Американскиот милијардер Том Боли е нов сопственик на Челзи

Американскиот милијардер Том Боли е нов сопственик на Челзи

пред 3 години

Американскиот инвеститор Тод Боли (48) и неговата фирма „Клирлејк капитал“ го купија британскиот клуб Челзи за 4,25 милијарди фунти. Роман Абрамович го стави Челзи на продажба во март, непосредно пред да почнат европските санкции, па клубот оттогаш работеше со посебна владина дозвола.

dobivaj vesti na viber

Боли се обиде да го купи Челзи и пред три години, кога понуди три милијарди долари, но Абрамович тогаш го одби.

„Почестени сме што станавме нови заштитници на Челзи. Ќе бидеме целосно посветени, 100%, секоја минута. Нашата визија е јасна: сакаме да ги направиме фановите горди. Нашата цел е да инвестираме во клубот на долги патеки“, рече Боли откако го купи англискиот гигант.

Боли, чие богатство „Форбс“ го процени на 4,5 милијарди долари, е делумен сопственик и на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, женскиот кошаркарски клуб Лос Анџелес Спаркс и на НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс. Тој исто така инвестираше во правата на песните на Брус Спрингстин, фирми за обложување и во ланци на ресторани.