Чешка туристка е исфрлена од Венеција, откако гола се сликаше на споменик од војната

Чешка туристка е исфрлена од Венеција, откако гола се сликаше на споменик од војната

пред 2 години

Венеција протера 30-годишна туристка од Чешка, откако била фатена додека позира топлес крај бронзената статуа на убиен партизан, посветен на жените кои ги дале своите животи во борбата за слобода. Настанот се случил минатата недела, пишува порталот „Прага морнинг“.

Таа се соблекла и ги оставила работите на споменикот и се капела во ледената лагуна, а потоа легнала крај статуата за да се фотографира, по што интервенирала полицијата. Тие донеле одлука да ѝ го забранат влезот во Венеција во траење од 48 часа и да ја казнат со 450 евра.

Портпаролот на полицијата во Венеција изјавил за Си-ен-ен дека таа сакала да се фотографира со статуата, а потоа се извинила.

„Беше убав ден и видовме двајца луѓе како се фотографираат. Потоа забележав жена како плива. Мислев дека мора да е луда бидејќи плива на леден ден. А потоа ја видов како излезе од водата и се качува на статуата, облечена само во долен дел од бикини“, рекол локалниот жител Марио Насон, кој го забележал настанот додека се шетал со својот син.

Тој изјавил дека таа се качила на статуата, а потоа се вратила во водата целосно опуштена.

„Нејзиното момче и друга жена ја прескокнаа бариерата и беа кај споменикот за да направат подобра фотографија од неа. Стоеја покрај облеката што ја остави на споменикот, како да се наоѓаат на плажа“, рекол Марио.

И останатите локалните жители биле зачудени од потегот на девојката.

„Кога патувам, ако видам фонтана, немам желба да скокнам. Ако сум во Париз, шетам покрај Сена, не се фрлам во реката. Ако отидам во Прага, ако ја фрлам облеката на споменик и да отидам на пливање, ништо нема да ми се случи? Луѓето во Венеција прават работи што не би ги правеле на друго место?“, коментирале тие

 

Share
Scroll to Top