Стота изведба на Вардарски пастуви во Театар Комедија

пред 2 години

Театар Комедија со гордост ја најавува втората „стотка“.

„Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега, на 12 ноември годинава, ќе ја прославиме стотата изведба на Вардарски пастуви, претстава чија премиера беше прикажана на 8 март 2016 година“, се наведува во соопштението во кое се додава дека и двете претстави се потпишани од режисерот Синиша Евтимов.

Исто така од Театар Комедија нагласуваат дека на 18 ноември ќе има премиерна изведба на претставата ,,Анатомија на неверството” во режија на Александра Кардалевска.

Share
Scroll to Top