Поранешниот камерунски фудбалер, Самуел Ето, со години не сакал да плаќа алиментација на неговите поранешни сопруги и ќерки. Иако има раскошен живот, Ето не сака богатството да го сподели со семејството, пишуваат медиумтие.
Неговата поранешна сопруга Адилеуса до Росарио, веќе четири години води правна битка за да добие алиментација за ќерка ѝ Ерика Ето Росарио. Таа барала 1400 евра месечно, долг во меѓувреме пораснал на речиси 40.000 евра. Ерика тврди дека парите имала во план да ги потроши само за ќерка ѝ. Таа е законски призната ќерка на екс фудбалерот на Барса и Интер.
„Никогаш ништо не ѝ има дадено. Ниту едно лижавче не ѝ купил откако ја родив. Апсолутно ништо, дури ни по одлуката на судот дека мора да плати алиментација. Таа порасна без татко и многу ѝ е жал што немаше можност да го запознае“, рече Адилеуса за La Vanguardiju.
Таа тврди дека Ето не ни знаел дека Ерика морала да оди на опереација кога имала три и пол години, кога ѝ бил отстранет бубрегот.
„Лекарите бараа да ја знаат историјата на болести на родителите и да откријат дали има такви случаи во семејството. Зборував со мој и пријател на Ето, а ми рече дека ќе пробал да разговара со него, но дека нема да инсистира да дознае нешто од него“, рече Адилеуса и објасни:
„Тој ми рече дека кога последен пат разговарал со него, Ето му кажал дека не му грижа за нас двете дури и ако умреме и дека побарал да го оставиме на мира“, рече Адилеуса.
Интересно е тоа што ова не е прв случај во кој поранешна сопруга на Ето барала пари за алиментација за нивните деца. Во 2004 година, судот во Палма де Мајорка пресудил во корист на неговата поранешна жена Ен Баранс, која Ето ја напуштил по три месеци врска, откако забременила.
Ето успеал да ја избегне алиментацијата донесена од судија во Камерун. Баранка и неговата ќерка Ени потоа го извеле на суд во најмалку два наврати, во 2019 и 2020 година, барајќи заостанати долгови или 10.000 евра месечно од долгот што се наталожил.
Марија Анхелес Пинеда, мајка на уште едно негово дете, во 2018 година побарала исплата на алиментација од 16.400 евра колку што ѝ должел Ето. Првично цифрата требало да биде 3.000 евра месечно, но сумата била намалена на 900 евра, откако фудбалерот наводно се согласил дека ќе ја плати школарината на детето.