Соединетите Држави ја поздравија најавата на ЕУ за забрана за увоз на руска нафта

пред 3 години

Соединетите држави ја поздравија најавата на Европската унија за забрана на увозот на руска нафта, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ги поздравуваме чекорите преземени од нашите европски сојузници и партнери за намалување на нивната зависност од руската нафта и гас со диверзификација на нивните извори на енергија и намалување на потрошувачката во согласност со нашите заеднички климатски цели“, рече Прајс, пренесуваат медиумите.

За потсетување, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел потврди дека земјите-членки на Европската унија постигнале договор за забрана на увозот на руска нафта.