Гутереш: Сега не е можен прекин на огнот во Украина за хуманитарни цели

пред 2 години

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека „општ прекин на огнот“ за хуманитарни цели во Украина „сега изгледа невозможен“, иако тоа беше целта што тој неодамна му ја довери на еден од своите емисари испратен во Москва.

– Тоа го повикавме од хуманитарни причини, но се чини дека тоа не е можно – изјави тој за новинарите.

ОН ги чекаат одговорите на Русија за конкретни предлози за евакуација на цивили и гарантирање на испорака на хуманитарна помош во воените зони, изјави Гутереш.

Запрашан од АФП дали верува дека е во тек „геноцид“ во Украина – како што рече во вторникот американскиот претседател Џо Бајден, шефот на ОН рече дека „геноцидот е строго дефиниран во меѓународното право, а ОН се потпираат на правната посветеност на релевантните судски властите“.

Тој потсети дека за војната во Украина го отворил Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг.

Гутереш ги повика Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои наскоро треба да одржат пролетни состаноци во Вашингтон, да ослободат пари за земјите во развој кои ги трпат последиците од руската инвазија на Украина.

Share
Scroll to Top