Бил Козби повторно на суд за сексуално злоставување

Бил Козби повторно на суд за сексуално злоставување

пред 2 години

Бил Козби ќе мора повторно да оди на суд и да се соочи со обвинение за сексуален напад врз 64 годишната Џуди Хут. Станува збор за случај постар од 50 години. Адвокатите на Хут тврдат дека Козби ја присилил на секс во 1975 година, кога таа имала само 16 години, пренесе ABC News.

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека адвокатите на Козби ќе играат на картата дека теретот на докажување на случај постар од 50 години, треба во целост да натежне врз обвинителите и дека тие се тие кои треба да ја докажат вината.

Тие признаа дека Козби ја однел Хут во Плејбој Мансон каде имале секс. Тоа е нешто што може да се види и на фотографиите, но велат дека во тоа време таа на била малолетна.

За потсетување, Козби отслужи повеќе од две години затворска казна поради обвиненијата за дрогирање и сексуално злоставување. Во затвор е од 2018 година, а на крајот на јуни му беше укината пресудата откако беше постигнат договор со претходниот обвинител.

Судењето е еден од последните случаи со кои Козби се соочува откако жалбениот суд во Пенсилванија ја поништи неговата пресуда за казнено дело за сексуален напад и го ослободи од затвор пред 11 месеци.

Share
Scroll to Top