Со усвоените измени на Законот за земјоделство и рурален развој, дополнително ја зајакнуваме поддршката кон земјоделците, рече на денешната прес-конференција Љубица Спасова од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Таа посочи дека со ова се отстранети се сите пречки и следува исплата на субвенциите кон над 20.000 тутунопроизводители.
„За оваа цел во Буџетот веќе се обезбедени една милијарда и 300 милиони денари, односно над 21 милион евра кои ќе завршат кај над 20.000 семејства.
Со измените на Законот ја олеснуваме постапката со цел тутунопроизводителите веднаш да ги добијат субвенциите, а за првпат се воведува авансна исплата на субвенциите.
Преку измените што ги усвоивме, младите фармери ќе добијат 40% аванс за старт ап грантовите од 20.000 евра.
Истовремено, се отвора можност за кофинансирање на зелена нафта до 100 отсто за земјоделските стопанства.
Дополнително, преку ребалансот на Буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд“, кажа Спасова и нагласи дека ваквите мерки имаат за цел да го унапредат земјоделството и да го зголемат земјоделското производство во време на светска криза.