Повеќегодишно дрво машински пресадено од Аеродром во Градскиот парк

пред 4 години

Пресадување на повеќегодишно дрво од типот Платан, од улицата Васко Карангелески во општина Аеродром на избрана локација во Градскиот парк беше извршено денеска од екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Пресадувањето било извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, во сопственост на „Паркови и зеленило“.

„Со пресадувањето на едно дрво од улицата од Васко Карангелевски во општина Аеродром се ослободува трасата и се овозможува продолжување на градежните активности за нејзиното проширување и изградба, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада“, информираат градските власти.

Од таму потесетуваат дека претходниот проект за реконструкција предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица, а со направените измени во проектот се зачувува зеленилото и дополнително ќе се засадат нови дрвја.

Share
Scroll to Top