Раководител на Секторот за урбанизам во Маврово Ростуше со закани кон новинарка

пред 2 години

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ја осудува заканата упатена кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска од страна на Садредин Елезоски, раководител на Секторот за урбанизам во општина Маврово Ростуша.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што посочуваат од ЗНМ, по повикот што денеска го остварил Садредин Елезоски со новинарката Маја Јовановска, која му објаснила дека се’ уште очекуваат одговори на прашања испратени уште на 4 април, тој упатил навреди и погрдни зборови кон новинарката, заканувајќи се со зборовите: „Пази се од денес. Ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш тука“.

Екипа на ИРЛ вчера била во Маврово на средба со неколку лица вработени во општината Маврово и ЈП Национален Парк Маврово. Како што појаснуваат од таму, единствено раководителот на Одделението за урбанизам во општината, Садредин Елезоски, одбил да се сретне со новинарите иако, според информациите на Јовановска, повеќе пати бил контактиран.

И покрај денешните закани, новинарката Јовановска му најавила на Елезоски дека повторно ќе дојде во Маврово следната недела, бидејќи општинската администрација должи одговори за хаосот со дивоградбите кои се градат во Националниот Парк Маврово.

Во контакт со ЗНМ, Јовановска посочила: ,,Претходно сум имала индиректни закани поврзани со истражувањата на кои сум работела и кои доаѓале од лица со моќ и на влијателни позиции. Но, ова е прв пат да ми упатат директна закана. Во првиот момент навистина се исплашив, бидејќи истражувањето на кое работиме сè повеќе и повеќе докажува политички и бизнис интереси во разнебитувањето на најголемиот Национален парк Маврво”.

Денешниот случај бил пријавен во МВР, а од ЗНМ велат дека ќе ја следат понатамошната истрага.

„Потсетуваме дека единствено преку строга санкција на нападите и заканите од страна на институциите во иднина ќе може да се спречат напади и закани кон новинарите. Државата има обврска да обезбеди ефикасен систем на превенција и казнување на насилството врз новинарите. Тоа е основен предуслов за подобрување на состојбата со слободата на говорот“, порачуваат од Здружението на новинарите на Македонија.

Share
Scroll to Top