611 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјава

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминативе 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 20 во ковид-центарот во Гостивар 20, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава и дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Share
Scroll to Top