За еден ден казнети 71 возач во Кисела Вода

пред 3 години

Полицијата за еден ден казнила 71 возач во Кисела Вода за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Општина Кисела Вода изречени се вкупно 71 казна, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се и 18 казни за некористење сигурносен појас.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top