1.135 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата, слободни се 280 кревети

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.135 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 652 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 104, во ковид-центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 39 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 7, Кавадарци 67, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното минисистерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Share
Scroll to Top