Украинските власти подготвија список од околу 12.000 руски државјани кои ќе бидат санкционирани, изјави вечерва портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи Олег Николенко.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Украина ќе продолжи да се бори за санкционирање на руските граѓани, вклучително и патријархот Кирил, кои ја поткопуваат украинската национална безбедност. Севкупно, подготвивме список на санкции, во кој се вклучени повеќе од 12.000 руски олигарси, функционери и пропагандисти“, додаде Николенко. пренесено од ТАС С.
Портпаролот на министерството рече дека Киев работи со партнерите на воспоставување механизам за одредување приоритети за воведување санкции на поединци кои ја поддржуваат или се вклучени во руската агресија.