СЗО: Нерамнотежата во дистрибуцијата на вакцини е шокантна

пред 3 години

Шокантна нерамнотежа е присутна во дистрибуцијата на вакцини против коронавирус ширум светот и повеќето земји немаат доволно дози за да ги вакцинираат здравствените работници и ризичните групи, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Повеќе од 700 милиони дози вакцини се искористени ширум светот, сепак, 87 проценти од нив се во земји со висок и среден приход, додека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти“, рече тој.

Во просек, додаде Гебрејезус, во земјите со високи примања, вакцинирано е скоро едно од четири лица. Во земјите со ниски примања, пак, од над 500 луѓе, вакцинирано е едно лице.

Share
Scroll to Top