ВМРО-ДПМНЕ: Заради криминалната влада и АД ЕЛЕМ плаќаме 250 милиони евра за увоз на струја

пред 2 години

Заради криминалната влада и АД ЕЛЕМ плаќаме 250 милиони евра за увоз на струја, која порано била произведувана во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од партијата наведуваат дека во изминативе 2 години произведуваме по 1 терават часови струја помалку годишно. Таа струја наместо од домашно производство како во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега ја увезуваме. Годишно за набавка на 1 терават часови струја се троши и до 250 милиони евра. Тоа се пари кои се одлеваат од државата во форма на девизи.

Доколку власта работеше на полето на енергетиката, тие 250 милиони евра наместо на увоз на скапа струја, ќе можеа да се инвестираат во нови енергетски капацитети во државата.

Со сегашната пракса на работа, т.е. неработа и крадење енергетскиот систем колабира, а се помало е производството на домашна струја. На среден до долг рок тоа ќе значи целосна енергетска зависност ма државата од увоз на струја, и неизвесност за домаќинствата и стопанството, кои наместо од домашни извори ќе се снабдуваат од странски пазари на струја, која е поскапа.

СДСМ нема план за енергетиката. Со СДСМ само тонеме. Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на енергетиката и на што е можно поголемо домашно производство и нови енергетски капацитети, се вели во сооштението.

Share
Scroll to Top