Во просек речиси 12 милиони луѓе во Обединетото Кралство ја следеа забавата во палатата што ја емитуваше „Би-би-си уан“ во саботата во рамки на четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На поп-концертот настапија бројни ѕвезди меѓу кои Дијана Рос, Џорџ Езра, Квин и Елбоу пред публиката во Бакингемската палата, вклучително и кралското семејство.
Овој настан ја привлече најголемата публика на Би-би-си оваа година, достигнувајќи го својот врв од 13,4 милиони гледачи.
Традиционалната воена парада,карневалот во центарот на Лондон и илјадници улични забави ширум Обединетото Кралство беа најважните моменти на последниот ден од прославите на јубилејот.
Концертот во саботата вечер вклучи обраќања на принцот Чарлс и принцот Вилијам, при што Чарлс ѝ оддаде почит на кралицата со посебен фокус на седумте децении на британскиот трон.
Во меѓувреме, војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Чарлс и Камила, објавија на Твитер фотографии од Кејт и нивните три деца како печат колачи во кујна украсена со лепчиња од Јунион Џек.
Во вечерното финале денес во 17:00 часот ќе настапи Ед Ширан, а пред палатата ќе се пее националната химна.
Кралицата Елизабета постави неколку рекорди достојни за почит: на 96-годишна возраст таа е најстариот владетел на светот и го имаше најдолгиот брак во британската кралска куќа.
Елизабета беше крунисана на величествена церемонија во Вестминстерската опатија на 2 јуни 1953 година.