Најпознатиот српски бербер, Саја Мајстор, на 18 јуни во Скопје ќе одржи четиричасовно шоу во хотелот „Мериот“. Тој првпат ќе се претстави пред македонските бербери и фризери, а ќе покаже како потстрижува, прави фризури, црта тетоважи на коса.
Организаторите, „Колор медиа“ најавија неколку изненадувања за гостите на настанот.
Во продажба се пуштени 200 влезници кои чинат 1800 денари.