Почина првиот скопски диџеј Мице- урбана легенда на диско забавите во Скопје и култната „Мусандра“

Почина првиот скопски диџеј Мице- урбана легенда на диско забавите во Скопје и култната „Мусандра“

пред 2 години

Денес по кратко боледување почина Михаил Бошковски, диџеј Мице првиот скопски диџеј. Тој е првиот кој пуштал музика на забавите во 60-тите и 70-тите години во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Диџеј Мице две години по земјотресот во Скопје, во 1965 година со група пријатели го отвориле првиот диско клуб во Работничкиот Универзитет. Подоцна почнале да прават и игранки па ги нарекле диско забави.

Поголемиот дел од својата кариера го поминал како диџеј во култната „Мусандра“ која била отворена на  22. февруари 1974, каде диџеј Мице пуштал професионална музика.

Диџеј Мице потоа беше дел од Македонското радио Радио Скопје и тоа е човекот кој во својата Мак топ листа на програмите на  прв ја пушти, тогаш контроверзната „На Велигден“ на Џина Папас Џокси. За скопјани тој е легендарен лик, чаирчанец кој прв ги организирал скопските забави.

Share
Scroll to Top