Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја откажа денешната посета на Берлин, при која требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Генералниот секретар не извести дека ненадејно ја откажал посетата на Берлин“, соопшти германското Министерство за одбрана.
Според планот на посетата, тој околу пладне требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а потоа и со министерката за одбрана Кристина Ламбрехт.
Причините за откажувањето не се наведени, пренесуваат агенциите.