Судот во самопрогласената Народна Република Донецк осуди на смрт двајца британски и еден марокански доброволец заробени од руските сили во Мариупол, објавија руски провладини медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Судот на територијата под контрола на руските сили во источна Украина ги осуди Ејден Ајслин и Шон Пинер по судење кое траеше само неколку дена.
Набљудувачи велат дека станува збор за монтиран процес кој се обидел да го имитира судењето за воени злосторства на руските војници во Киев.
Ајслин (28) и Пинер (48) се осудени на смрт заедно со Мароканецот Сааудин Брахим, поради кривично дело тероризам.
И двајцата Британци рекоа дека служеле во единица на украинските маринци, што ги прави активни членови на војската и дека треба да бидат заштитени со Женевската конвенција како воени заробеници. Меѓутоа, руските медиуми ги опишаа како платеници и како такви беа судени пред судот на проруските сепаратисти.