Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека денеска осудените Британци и Мароканецот ќе бидат стрелани во согласност со законите на Народна Република Донецк.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тројцата заробеници денеска беа осудени на смрт во меѓународно непризнатиот суд на самопрогласената Народна Република Донецк, чија независност ја признава само Русија.
Според РИА, претседателот на судот рекол дека осудените имаат еден месец за жалба. Дополнително, судијата во изрекувањето на пресудата посочил дека Пинер е препознаен како терорист и во Велика Британија и се бара поради учество во непријателства во Ирак и Сирија.
Инаку, еден од осудените Британци е Ејден Ајслин (28), родум од Њуарк. Со семејството се преселил во Миколаев во Украина во 2018 година. Истата година, тој станал маринец во украинската армија и се оженил со Украинка.
Како што пренесува хрватски „Индекс“, тој претходно се борел рамо до рамо со курдските борци во Сирија против терористите на Исламската држава. По неговото заробување, руските медиуми објавија негови фотографии и снимки, на кои тој изгледа отеченo и помодрено во лицето.
Вториот осуден Британец е Шон Пинер, кој има 48 години и доаѓа од Бедфоршир. Неговото семејство вели дека тој бил истакнат член на британската армија пред да се пресели во Украина во 2018 година, каде што го искористил своето претходно искуство за обука на украинските војници.
„Шон ужива во украинскиот начин на живот и ја сметa Украина за свој втор дом во последните четири години. Во тој период запозна Украинка со која се ожени, а која е фокусирана на хуманитарна работа во својата земја”, изјавија од неговото семејство.
Тригодишниот договор на Пинер требало да истече подоцна годинава, по што тој планирал да се занимава со хуманитарна работа, тврди неговото семејство.