(Видео) Украински војници пукаат во воздух додека луѓето се туркаат во возовите за евакуација

пред 2 години

Украинските војници испукаа неколку истрели во воздух за да го спречат стампедото на главната железничка станица во Киев додека илјадници луѓе се обидоа насилно да влезат во возовите за евакуација.

Толпата беше таква што не секој можеше да се качи во возовите од Киев до Лавов на западот на земјата, додека стравот од руски напад растеше.

Кога возот застана на перонот, луѓето побрзаа со надеж дека ќе влезат, некои од нив беа со деца и домашни миленици, пишуваат агенциите.

Откако се слушнале врисоци, чуварите испукале неколку истрели во воздух за да ја растераат толпата.

„Можете сами да видите, опасно е да се пробие толпата со дете. А кучето е исплашено. Искрено, исцрпени сме“, вели триесетгодишната Марија за Ројтерс.

Десетици илјади лица веќе успеаја да ја напуштат земјата, главно жени и деца, додека на мажите кои се доволно возрасни за да се борат им беше кажано да останат, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top