ФИФА нема да го исфрли Еквадор од мундијалот во Катар

ФИФА нема да го исфрли Еквадор од мундијалот во Катар

пред 2 години

Еквадор ќе игра на Светското првенство во Катар, откако ФИФА ги отфрли тврдењата на Чиле, дека еден репрезентативец на Еквадор играл со фалсификувани документи, објави Светската фудбалска федерација.

Чилеанската фудбалска федерација минатиот месец соопшти дека има докази дека Еквадорецот Бајрон Кастиљо е роден во Тумако, Колумбија во 1995 година, а не во еквадорскиот град Генерал Виљамил Плајас во 1998 година, како што стои во неговите официјални документи.

Кастиљо играше во осум од 18-те натпревари во јужноамериканските квалификации за Еквадор. Чилеанците бараа на Еквадор да му бидат одземени бодовите од натпреварите на кои играше Кастиљо.

„По анализирањето на поднесоците на сите засегнати страни и земајќи ги предвид сите презентирани елементи, Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја затвори постапката против Фудбалската федерација на Еквадор“, се вели во соопштението.

Еквадор квалификациите во Јужна Америка ги заврши на четвртото место.

Share
Scroll to Top