Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе реализира ексклузивен концерт во Истанбул, Турција.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Концертот ќе се одржи на 13 јуни во 19 часот во Православната црква Пресвета Богородица во Истанбул на покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој.
Концертот е во чест на Неговата Светост Екуменски Патријарх Вартоломеј и промоцијата на книгата „Од Имврос до Фанари Патријархот Вартоломеј“.
Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.
Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти на сите сцени во Македонија и на најзначајните фестивали кај нас како: Скопско лето, Битфест, Штипско лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други манифестации. Членовите на гудачкиот квартет реализирале концерти во Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Франција и Танзанија.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата Архиепископија на Константинопол.