Американскиот пејач Џастин Бибер откри дека боледува од парализа на лицето, откако ги откажа настапите претходно оваа недела, јавуваат светските медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Бибер (28) во видео на Инстаграм изјавил дека парализата е последица на Ремзи Хантовиот синдром.
“Како што можете да видите, ова око не трепка. Не можам да се смеам од таа страна на лицето. Така, оваа страна на лицето е целосно парализирана”, објаснил Бибер, а пренесува Би-би-си.
Рамзи Хантовиот синдром е невролошка болест која, меѓу другото, доведува до појава на везикули на кожата околу ушниот канал, парализа на лицето и болка во увото, се појаснува во написите.