Џафери распиша избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа

пред 3 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно своите уставни надлежности, денеска, избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Согласно Решението што го донесе претседателот на Собранието врз основа на Изборниот законик, изборите за градоначалници ќе се одржат на 20 август 2022 година, информираат од неговиот кабинет.

Појаснуваат дека роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.

Share
Scroll to Top