(Видео) Македонско оро се вртеше во Египет откако им запеа Ирена Спасовска

(Видео) Македонско оро се вртеше во Египет откако им запеа Ирена Спасовска

пред 2 години

Фолк-пејачката Ирена Спасовска пак е на одмор во Египет од каде што објавува слики и видеа. Таа е во Хургада и вели дека ужива, од шетањето со камили, до ресторани и дуќани. Не крие дека Египет ѝ е меѓу омилените дестинации, па тука доаѓа често. Ирена знае и да запее во хотелот каде што престојува, па се пофали дека и овој пат ѝ побарале да пее, а свртеле и македонско оро.

dobivaj vesti na viber

„Од хотелот кога слушнаа од некои Македонци дека пеам, побараа од мене да имам свој настап. Па една вечер се пееја македонски песни, се сврте македонско оро, беше преубаво“, рече Ирена за „Репортер“.

Пејачката, која е преку 30 години на музичката сцена, неодамна во интервју за „Репортер“ зборуваше за својата кариера. Тогаш ни откри и дека сè уште е во контакт со шеикот од Катар, со кого објави слики, па во јавноста се крена прав. Ни кажа дека тој ја прошетал низ неговиот трговски центар.

„Види и денес ме бара, ама ние Македонките сме тешки жени“, рече тогаш Спасовска.

Share
Scroll to Top