Оперскиот пејач Иван Наумовски од Виена ќе одржи бесплатен концерт во Скопје

Оперскиот пејач Иван Наумовски од Виена ќе одржи бесплатен концерт во Скопје

пред 3 години

Македонскиот оперски пејач Иван Наумовски на 16 јуни ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. Тој од Виена пристигна во Скопје специјално за концертот насловен „Песни од патување“.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да ги слушне неговите интерпретации на Шуман, Хајдн и Брамс, но и на македонските композитори Начевски, Андовска и Зографски. Наумовски на пијано ќе го придружува Елена Атанасовска Ивановска.

Наумовски е добитник на голем број награди, признанија и дипломи во Македонија и Европа.

Концертот почнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Share
Scroll to Top