Жестоката битка за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од „најбруталните“ борби што Европа ги видела, за кои Украина платила „застрашувачка“ цена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Украинскиот претседател оваа изјава ја даде доцна синоќа, за време на неговото ноќно обраќање до нацијата, во време кога руските сили се блиску до освојување на Северодоњецк, стратешки град на истокот на земјата, пишува британскиот весник.
„Цената на таа битка во човечки животи е многу висока за нас“, нагласи украинскиот претседател, додавајќи дека таа е застрашувачка и дека битката за Донбас несомнено ќе остане запаметена во воената историја како една од најжестоките битки во Европа.