Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денес до 18 јуни, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сè по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.
Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и другитемагистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.