Францускиот предлог за кревање на ветото ќе биде доставен во Софија попладнево, тврдат бугарските медиуми

пред 2 години

Предлогот на француското претседателство за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија ќе биде доставен за неколку часа, јави бугарската агенција БГНЕС.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според информациите, денеска во бугарското Собрание се одржала средба на француската амбасадорка, Флоранс Робин, со пратеници од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција.

На состанокот, кој започнал во 11 часот по софиско време, таа рекла дека ќе ги достави француските предлози за неколку часа и се надева дека ќе бидат изгласани во наредните денови, како што е договорено.

Оваа информација ги потврдува претходните вести на БГНЕС дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание.

Како што пренесува бугарската новинска агенција, Петков се пофалил дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“.

„В четврток, на 16 јуни, официјално ќе биде испратен до сите земји членки на ЕУ, а јас лично го испраќам до парламентот“.

Петков денеска зборуваше и за брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати.

Претходно, и на заедничката конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид, македонскиот претседател Стево Пендаровски рече дека властите во Скопје немаат видено француски предлог за надминување на спорот.

Share
Scroll to Top