Џафери: Со Финска споделуваме исти политички определби

пред 2 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска, се сретна со премиерката на Финска, Сана Марин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од кабинетот на Џафери, тој истакнал дека Северна Македонија ја цени поддршката на Финска во областа на евроинтеграциите и нејзиниот принцип дека билатералните проблеми со Бугарија не треба да бидат пречка за процесот на интеграцијата.

Тој исто така нагласил дека како држава со Финска споделуваме исти политички определби и имаме многу добри односи, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Џафери потврдил дека Северна Македонија ги поддржува аспирациите на Финска за членство во НАТО и ја нагласил подготвеноста на Собранието да го ратификува пристапниот протокол за членство на Финска во НАТО што е можно поскоро.

Share
Scroll to Top