Трамп: Ништо нема да ме спречи повторно да се кандидирам за претседател

пред 3 години

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ништо нема да го спречи повторно да се кандидира за претседателските избори во 2024 година, пренесуваат светските медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ништо нема да ме спречи. Треба повторно да ја зајакнеме нашата земја, која отиде во пеколот. Работите брзо се влошија. Ја сакам нашата земја и ќе го направам она што е правилно за неа“, изјавил Трамп за „News max“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што може да го спречи да се кандидира.

Според анкетите минатата недела, како што пишуваат медиумите, повеќето Американци се подготвени да гласаат за поранешниот американски претседател.

На прашањето како би гласале доколку изборите се одржат тој ден, 42 отсто изразиле поддршка за актуелниот претседател Џозеф Бајден, а 44 отсто за Трамп, пренесуваат агенциите.