Трансродовата ќерка на Илон Маск, милијардерот и основач на „Тесла“, поднесе барање за промена на името во согласност со нејзиниот нов родов идентитет и затоа што повеќе не живее или сака на кој било начин да биде поврзана со својот биолошки татко.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ксавиер Александар Маск, кој неодамна наполни 18 години, побарал промена на полот од машко во женско и промена на името, според судските документи, пренесуваат агенциите.
Според написите, барањето за промена на името и нов извод од матичната книга на родените што го одразува нејзиниот нов родов идентитет било поднесено до Врховниот суд на округот Лос Анџелес во Санта Моника во април, а неодамна беше објавено од медиумите.
Нејзината мајка е Џастин Вилсон, која се разведе од Маск во 2008 година.
Според извештаите, нема објаснување за раздорот меѓу Маск и неговата ќерка. Ниту адвокатот на Маск, ниту канцеларијата за медиуми на „Тесла“ веднаш не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар, пренесува медиумот.
Еден месец откако неговото дете поднесе барање за промена на името и полот, Маск рече дека ја поддржува Републиканската партија, чии избрани претставници поддржуваат серија закони со кои се ограничуваат правата на трансродовите луѓе во државите низ целата земја, анализира медиумот.
„Апсолутно ја поддржувам трансродовата припадност, но сите овие заменки се естетски кошмари“, твитна Маск во 2020 година.