Сензација во Унгарија: Злато и светски рекорд за Давид Поповичи

Сензација во Унгарија: Злато и светски рекорд за Давид Поповичи

пред 2 години

Романскиот пливач Давид Поповичи сензационално освои златен медал на Светското првенство во Унгарија. Тој беше најбрз во дисциплината 200 метри слободно, но и постави нов светски јуниорски рекорд.

Поповичи до златото стигна со време 1:43.21 минути.

Сребрениот медал му припадна на Сунва Хванг од Јужна Кореја со 1.26 секунди заостанување, додека на подиумот се искачи и Британецот Том Дин со 1.77 секунди послабо време од победникот.

Share
Scroll to Top