Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 52-годишен скопјанец Ф.И. за кривично дело загрозување на животната средина со отпад и против правно лице на кое што првопријавениот е управител, заради сомнение за истото кривично дело.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од МВР, на 14. февруари годинава при извршена контрола од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат, утврдено било дека првопријавениот како управител, во име и за сметка на второпријавеното правно лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини лоциран во општина Гази Баба, Скопје, неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола од Министерство за животна средина во име на второпријавеното правното лице.