Моја: Иванишевиќ не требаше да дава такви изјави, му одмогна на Ѓоковиќ

Моја: Иванишевиќ не требаше да дава такви изјави, му одмогна на Ѓоковиќ

пред 4 години

По вчерашната импресивна победа на Рафаел Надал над Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, тренерот на Шпанецот Карлос Моја говорел за коментарите на колегата Горан Иванишевиќ. Тренерот на Ѓоковиќ пред финалето рекол дека Надал нема никакви шанси против Ѓоковиќ.

„Се им се врати. Сигурен сум дека тие се најмногу шокирани од начинот на кој што Рафа победи. Претпоставувам дека сакаа да му влеат дополнителна самодоверба на својот игра, но јас такво нешто никогаш не би кажал“м рекол тренерот на Надал.

„Го познавам Иванишевиќ, знам каква улога мора да игра. Во тимот на Рафа никој никогаш не би изјавил нешто слично. Мислам дека таа изјава му направи дополнителен притисок на неговиот играч“, рекол Моја.

Share
Scroll to Top