Мурињо: Три порази во низа? А, колу време без титула? Можеби јас ќе ја донесам

Мурињо: Три порази во низа? А, колу време без титула? Можеби јас ќе ја донесам

пред 3 години

Жозе Мурињо ги загуби последните три меча како менаџер на Тотенхем, и неговиот клуб падна на осмото место на табелата, така што веднаш се појавија шпекулации околу неговата иднина.

Повредата на Хери Кејн при 1:3 домашниот пораз од Ливерпул само ги зголеми проблемите на Мурињо, и тој излезе во одбрана, велејќи дека можеби е човекот кој ќе ја донесе толку посакуваната титула во северен Лондон.

„Самиот си поставувам притисок секој ден. Не ми е потребно тоа да го прават другите. Секој ден! И сега, од 2012 Тотенхем немале три порази во низа? А, колку време без титула? Можеби јас ќе ја донесам“, изјави очигледно изнервираниот Португалец.

Share
Scroll to Top