Откако пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, прво што треба да направат е да се извинат кон јавноста за тоа што влеваа страв и несигурност, велат од СДСМ преку соопштение.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Мицкоски за тоа што ги рушел државните позиции во спорот со Бугарија, лажејќи дека се продавал идентитетот, јазикот и историјата.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции. Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси. Крајно време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се променат и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржат државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението на СДСМ.