Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, е нападнат Во Атина, каде дошол на состанок со грузиските имигранти, пренесе „Спутник Грузија“. Телевизијата „Мтавари“ објави видео-снимка од инцидентот. Во близина на зградата во која требало да се одржи настанот, младо момче со капа го нападнало Саакашвили. Според видеото, тој неколкупати го удри по главата Саакашвили, а насобраните луѓе во паника почнуваат да бегаат. Поранешниот претседател на Грузија, сепак, се сретна со имигрантите и им ги кажа своите политички планови. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во мај го именуваше поранешниот претседател на Грузија, за шеф на извршниот одбор на Националниот совет за реформи.
(Видео) Во Атина претепан поранешниот претседател на Грузија, Саакашвили
пред 4 години